ФИФПРО се заканува со тужба против ФИФА поради преобемниот календар

Светската унија на професионални фудбалери (ФИФПРО) и Асоцијацијата на светски лиги ќе превземат легални акции против Светската фудбалска федерација (ФИФА) доколку продолжи со плановите за одржување клупско Светското првенство (СП) со 32 екипи на крајот од следната сезона.

Тие велат дека глобалниот фудбалски календар „сега е над заситеноста, до тој степен што националните лиги не се во можност правилно да ги организираат своите натпревари“, додека „играчите се туркаат надвор од нивните граници, со значителни ризици од повреди и влијанија врз нивната благосостојба“.

Во следната сезона трите европски клупски натпреварувања ќе бидат проширени на 36 екипи. Во Лигата на шампиони (ЛШ) и во Лига Европа (ЛЕ) во првата фаза ќе има осум, наспроти досегашните шест меча. Можно е еден клуб да одигра 17 натпревари за да победи во кое било натпреварување!

Во нивното писмо тие јасно наведуваат дека доколку ФИФА „одбие формално да се обврзе да ги реши проблемите“ на состанокот на Советот во Бангкок, Тајланд, на 17 мај, членовите ќе бидат советувани „за опциите што им се достапни“.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО