По завршувањето на групната фаза на Европското првенство (ЕП) во Германија, светските букмејкери ги ажурираа најновите понуди. Елиминациската фаза на ЕП ќе почне на 29 јуни.
Кај нив сега главен фаворит за освојување на пехарот е селекцијата на Англија која е со коефициент 5.00. На второто место, заеднички фигурираат Шпанија и Германија со коефициент 5,50.
Репрезентацијата на Франција е на четвртото место со коефициент 6,00, веднаш до неа е Португалија со 7,50 итн.
Во првата фаза, букмејкерите најмалку шанса и даваат на Грузија за изненадување против Шпанија, со коефициентот 14.00 за нејзина победа.
Високите 10.00 се за евентуалната победа на Словачка над Англија, а исто така за големо изненадување се смета Словенија да ја мине Португалија. Коефициентот е 9,40.