Двајца Французи, прв и втор пик на НБА драфтот!

Една година по Виктор Вембањама, Франција не само што повторно го има првиот пик на НБА драфтот, туку и вториот! Тоа значи дека за прв пат во историјата на првите две места се најдоа Европејци.

Атланта хокс како прва го избра Закари Рисашер, 2,05 метри високиот, 19-годишен крилен играч од Бургоњ, а Вашингтон визардс како втор го избра Алекс Сар, 2,13 метри високиот центар на Перт вајлдкетс од Австралија.

Франција имаше и трет претставник во „топ 10“, во Тиџан Салаун (18), крилото на Шоле, кој како шести „пик“ заминува во Шарлот хорнетс.

Никола Топиќ, младиот, 18-годишнен Србин, висок 1,98 метри, плејмејкерот на Црвена звезда, беше 12-ти избор на Оклахома Сити тандер. Пред него како 11-ти, Чикаго булс го избра сестраниот Американец со литванско потекло, Матас Бузелис.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО