Вилијамс: Ние сме најдобри

Младиот напаѓа на фудбалската селекција на Шпанија, Нико Вилијамс, вели дека „Црвената Фурија“ прикажала најмногу на тековното Европско првенство во Германија.

Тој според досега прикажаното е убеден дека ниту еден состав не покажал подобра игра од неговата земја.

– Како тим нема посилен од нас. Франција има голем индивидуален потенцијал. Англија исто така. Но, како тим, во однос на самопожртвуваност, напорна работа, нема подобар од нас – вели Вилијамс.

Шпанија супериорно ја заврши групната фаза со максимални три победи и без примен гол. Сега ја очекува мечот со Грузија во 1/8 финалната рунда.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО