Лукаку уште не знае каде ќе игра во наредната сезона

Челниците на фудбалскиот состав, Челзи, остануваат на ставот дека нема да го продадат напаѓачот, Ромелу Лукаку, за помала сума од 40 милиони евра иако за неговите услуги се заинтересирани екипи од Италија.

Според одредени извори, Милан и Наполи не сакаат да дадат толку пари и ќе се обидат да го позајмат. Лукаку во претходната сезона играше за Рома но, „римската волчица“ не ја искористи опцијата да му го откупи договорот.

Лукаку кој деновиве настапува за Белгија на Евро-шампионатот, има договоро со „сините“ од Лондон до 2026 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО