Викендов во Скопје, ЕП во традиционално карате

Викендов во организација на Македонската традиционална карате федерација (МТКФ) ќе се одржи 36. Европски шампионат и куп во традиционално карате за сите возрасти.

Пред 20 години, во 2004-та, МТКФ за првпат беше организатор на ова големо натпреварување, а сега ЕП повторно е во Скопје, овојпат во СЦ „Јане Сандански“. На ЕП ќе учествуваат каратисти од 15 земји со над 350 натпреварувачи.

Натпреварите ќе почнат утре во 11, а свеченото отвoрање е закажано за 14 часот. Покровител на овој настан е Универзитетот Скопје, а првенството ќе го отвори ректорот, проф. д-р Аце Миленковски.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО