(Видео) Волкановски нокаутиран, остана без појасот во перо категорија

Грузискиот ММА борец Илија Топурија е новиот шампион во перо категорија (до 66 кг) во елитната промоција на УФЦ.

Топурија во неделата рано наутро во втората рунда го нокаутира Австралиецот Александар Волкановски и му го одзеде шампионскиот појас. Тоа беше главната борба на настанот UFC 298, кој се одржа во Хонда центарот во Анахајм.

Така Топурија го задржа статусот на непоразен борец, бидејќи забележа исто толку победи во 15 натпревари. Откако се приклучи на УФЦ, „Ел Матадор“ Топурија забележа седум победи, од кои 4 со технички нокаут.

Така заврши владеењето на Волкановски во категоријата до 66 килограми, кое траеше од 2019 година, кога Австралиецот со македонско потекло го победи Макс Холовеј и стана шампион. Во меѓувреме, Волкановски пет пати го бранеше појасот – двапати против Холовеј и еднаш против Брајан Ортега, Чан Сун Јунг и Хаир Родригез.

Се испостави дека кобната грешка Волкановски ја направи кога го прифати вториот меч против Ислам Махачев на само седум дена пред борбата.

Во октомври 2023 година, тој по втор пат се обиде да ја освои титулата во лесна категорија (до 70 килограми) против асот од Дагестан, но Махачев го спречи со атрактивен нокаут.voljhvvПо поразот Волкановски рече дека ќе бара реванш против Топурија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО