ПСЖ повторно заинтересирани за Рашфорд

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд е во потесниот круг играчи за кои ПСЖ смета дека може да биде замена за Килијан Мбапе.

Како што пренесува Тајмс, членот на управата на „светците“ Луис Кампос смета дека доаѓањето на репрезентативецот на Англија би било полн погодок.

Треба да се потсети дека Рашфорд долго време се поврзуваше со трансфер во клубот од Паркот на принцовите. Неговиот агент пред две години имаше разговори со челниците на францускиот шампион, но потоа реши да остане во Манчестер јунајтед.

Потоа ја имаше својата најдобра сезона на Олд Трафорд кога постигна 30 гола на 56 натпревари во сите натпреварувања.

Оваа сезона Рашфорд не е ни блиску до таа форма, постигна само пет гола на 23 натпревари во Премиер лигата.

Рашфорд минатото лето потпиша нов петгодишен договор со Јунајтед, кој му гарантира 300.000 фунти неделно.

Сепак, Рашфорд не е единствениот на листата на можни наследници на Мбапе, во овој контекст најспомнуван е напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО