(Видео) Сити ја одбрани титулата, Клоп се прости од Ливерпул, Матета со покер голови ја уништи Астон Вила

Манчестер сити испиша историја во Премиер лигата, стана првиот тим со четири шампионски титули во низа. Во последното коло, предводени од играчот на сезоната, Фил Фоден, Сити го победи Вест Хем. Последното коло во сезоната 2023/2024 беше последно за Јирген Клоп на клупата на Ливерпул. „Црвените“ му подарија победа во прошталниот натпревар над Вулверхемптон. Голгетерски колото го обележа напаѓачот на Кристал Палас, Матета, со четири гола во победата над Астон Вила (5:0).

Место во Лигата на шампионите наредната сезона изборија Манчестер сити, Арсенал, Ливерпул и Астон Вила, во Лига Европа сигурен е Тотенхем. Челси сезоната ја заврши на шестото место и го чека расплетот во финалето на ФА купот. Доколку победи Сити, Челси ќе игра во Лига Европа, а во случај Јунајтед да го освои ФА купот тогаш „црвените ѓаволи“ ќе играа во Лига Европа, а Челси оди во Конферециската лига.

 

 

 

 

 

Од Премиер лигата испаднаа Шефилд јунајтед, Барнли и Лутон. Нови членови на Премиер лигата се Лестер и Испвич, а третиот тим ќе биде познат откако финалето во баражот ќе го одиграат Лидс и Саутемптон.

 

Резултати, 38. коло:

 

Манчестер сити-Вест Хем 3:1

Арсенал-Евертон 2:1

Кристал Палас-Астон Вила 5:0

Брајтон-Манчестер јунајтед 0:2

Барнли-Нотингем Форест 1:2

Шефилд јунајтед-Тотенхем 0:3

Лутон-Фулам 2:4

Брентфорд-Њукасл 2:4

Челси-Борнмут 2:1

Ливерпул-Вулверхемптон 2:0

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО