(ВИДЕО) Се појави снимката од несреќата на ОИ што телевизијата не сакаше да ја повтори…

Француската велосипедистка Лоана Леком доживеа тежок пад на Олимписките игри (ОИ), за време планинската трка во неделата!

По стартот во Еланкур, 24-годишната Леком паднала преку велосипедот додека се движела по карпестиот дел од патеката. По се’ изгледа дека со главата удрила во земјата, пред накратко да ја изгуби свеста.


Стјуардите и медицинските лица веднаш и пришле на помош додека тв екипите биле отстрабети од местото на настанот. На крајот, тв куќите не сакаа да ја прикажат НИТУ забавената снимка поради загриженоста за состојбата на натпреварувачката.

На крајот Лоана беше извлечена од патеката, додека гледачите аплаудираа и го скандираа нејзиното име. Медицинската служба итно реагираше и засега таа е во стабилна состојба.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО