Премиер лигашот, Ливерпул ја одби понудата вредна 11,8 милиони фунти (14 милиони евра) од Марсеј за играчот од средниот ред, Ватару Ендо.
Јапонскиот репрезентативец (31) дојде во Ливерпул лани летото со четиригодишен договор од Штутгарт, за околу 19 милиони евра.
Тој забележа 43 настапи, вклучително и 20 стартови во Премиер лигата и го освои Лига купот во дебитантската сезона на „Енфилд“. Нов тренер на Марсеј е Италијанецот, Роберто де Зерби, кој минатата сезона беше менаџер на Брајтон.
Ливерпул по доаѓањето на новиот тренер, Холанѓанецот Арне Слот летово, се’ уште нема ангажирано ниту еден играч.