(ВИДЕО) НБА плеј-оф: Шампионот Денвер елиминиран, Далас – Минесота во финалето на Западот

Кошаркарите на Денвер нагетс беа поразени од Минесота тимбервулвс, 90:98 на својот паркет во седмиот, решавачки натпревар од конференциското на НБА полуфинале на Западот, што значеше крај на сезоната за ланските шампиони предводени од МВП играчот на сезоната, Никола Јокиќ.

Минесота заостануваше 15 поени на полувремето, имаше и негатива од 20 поени во третата четвртина, но на почетокот од последната четвртина сепак поведе и таа предност не ја испушти до крајот.

До овој меч ниту еден тим во историјата на НБА лигата не надоместил минус 15 поени на полувремето во седмиот натпревар од серијата. За „Волците“ ова е прво конференциско финале за 20 години во кое ќе игра против Далас маверикс.


Во првото полувреме лидерот на „волците“, Ентони Едвардс, беше незабележителен, постигна само четири коша, и имаше три асистенции. Мечот го заврши со 16 поени (6/24 од поле), осум скока и седум асистенции. Карл-Ентони Таунс (12 скока) и Џејден МекДаниелс (шест скокови) постигнаа по 23 поени за Минесота.

Кај Денвер одличен беше актуелниот и трикратен МВП на лигата, Никола Јокиќ кој даде 34 поени, плус19 скока и седум асистенции. Џамал ​​Мареј постигна 35 коша, но ниту еден друг играч од шампионскиот тим не даде повеќе од седум поени.

Повеќе непознати нема ниту на Истокот. Индијана пејсерс на гости го совлада Њујорк Никс со 130:109 во седмиот натпревар. Во финалето Индијана ќе игра против Бостон селтикс.

Индијана поведе рано и со одлична офанзивна игра го растури Њујорк, кој со текот на времето се потешко го одржуваше ритамот на противникот поради многубројните повреди во тимот.

Индијана имаше 20 поени предност во текот на втората четвртина, а на полувреме замина со предност од 15 поени (70:55). Њујорк во воведниот дел од второто полувреме ја намали негативата на помалку од 10 поени, но тоа беше се’ што можеше да стори.

Последен пат Индијана стигна до финалето на Западот во 2014 година, кога загуби од Мајами хит со 2:4.

Петмина играчи на Индијана постигнаа 17 или повеќе поени. Халибартон даде 26 со шест асистенции, 6/12 тројки. Сијакам и Ендру Нембхард постигнаа по 20 коша.

Донте ДиВинченцо постигна 39 поени за Њујорк, 9/15 тројки, а најдобриот играч на Никс, Џејлен Брансон постигна 17 поени, но најголемиот дел од вториот дел го пропушти поради повреда на прстот. Алек Буркс постигна 26 поени.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО