(ВИДЕО) Клоп се прости и од новинарите: Нема да ми недостигате!

Германецот Јирген Клоп, вчера за последен пат во предводеше Ливерпул како менаџер, на мечот против Вулверхемптон (2:0).

Клоп дојде во Ливерпул, во октомври 2015-та и во следните 8,5 години освои осум трофеи, вклучувајќи ја првата титула во Премиер лигата во 2020-та, по пауза од 30 години. Во 2019-та „црвените“ триумфираа и во Лигата на шампиони (ЛШ) по шести пат во клупската историја, прв пат од 2005 година.

Клоп во негов стил се прости и од новинарите што го следат Ливерпул. Тој на пресот изјави дека ќе оди на подолга пауза и оти никогаш повеќе нема да биде тренер/менаџер на англиски клуб и дека ова може да биде дури и крај на неговата тренерска кариера.

Збогувајќи се со новинарите тој го зеде мобилниот телефон, ги фотографираше и низ смеа рече: „Мислам дека нема да ми недостигате, но ако тоа се случи, ќе ја погледнам оваа фотографија и тоа чувство ќе исчезне“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО