(ВИДЕО) НБА плеј-оф: Прв пораз на Оклахома Сити, Кливленд го изненади Бостон

Кошаркарите на Далас маверикс ги совладаа на гости Оклахома Сити тандер со 119:110 и го изедначија резултатот во полуфиналето од плеј-офот на Западната конференција на 1:1.

Серијата до четири победи сега се сели во Далас, каде што Маверикс ќе се обидат да ја зголемат предноста во следните два домашни натпревари против најдобриот тим на Западот во регуларниот дел од сезоната.

Лука Дончиќ постигна 29 поени, имаше 10 скока, седум асистенции и три украдени топки. Тој шутираше со 52 проценти прецизност и прикажа подобра игра отколку во воведниот натпревар од серијата кога Тандер го ограничија на 6/19 од поле.


ПЏ Вашингтон исто така постигна 29 поени, а имаше и 11 скока. Кајри Ирвинг даде само девет поени, но со 11 асистенции.

Очекувано, најдобар играч кај Тандер беше Шеј Гилџес-Александер, најголемата ѕвезда во тимот, кој даде 33 коша, плус 12 скока и осум асистенции. Џејлен Вилијамс додаде 20, а Чет Холмгрен, вицешампионот во изборот за дебитант на сезоната, постигна 11 поени, имаше пет скока и шест асистенции.

Ова беше прв пораз за Тандер сезонава во плеј-офот и прв натпревар во втората половина од сезонава на кој примија повеќе од 100 поени.

Кливленд го изненади Бостон на гости, победувајќи го со убедливи 118:94, и израмни на 1:1. За изненадувањето се погрижија Донован Мичел со 29 поени, седум скока и осум асистенции, како и Еван Мобли (10 скока) и Карис Леверт (шест скока) кои постигнаа по 21 поен.

Џејсон Тејтум беше единствениот играч на Селтикс кој постигна повеќе од 20 поени, 25, плус седум украдени топки и шест асистенции. Следните два меча се играат во Кливленд.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО