Италија со рекордни 10 екипи во еврокуповите следната сезона!?

Италијанскиот клупски фудбал би можел да има рекордни 10 екипи кои ќе учествуваат во европските купови следната сезона. Неверојатно, но вистинито, а сето тоа благодарение на Фиорентина и на Аталанта кои се пласираа во финалињата на Лига Европа (ЛЕ) и на Лигата на конференции (ЛК).

Доколку и двата италијански тима ги освојат трофеите, и останат на петтото, односно десеттото место на табелата сезонава, тоа значи дека Серија А би имала рекордни шест тима во Лигата на шампиони (првопласираните четири на табелата, плус Аталанта како победник во ЛЕ и шестопласираната екипа со дополнителното место).

На ова ќе се надоврзат и три екипи кои следната сезона ќе играат во ЛЕ (оние на седмото и осмото место, но и Фиорентина како освојувач на ЛК), и едно место за деветтопласираниот тим во Серија А што би играл во ЛК!

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО