(ВИДЕО) НБА, плеј-оф: Дончиќ и Ирвинг го одведоа Далас во полуфиналето на Западот

Далас маверикс на домашен терен го победија Лос Анџелес клиперс со 114:101 и со вкупни 4:2 во серијата се пласираа во полуфиналето на Западната конференција од НБА плеј-офот каде што ги чека Оклахома тандер.

За Далас ова е историски успех бидејќи по 13 години пауза со домашна победа го дочекаа плсманот во следната плеј-офот. Покрај тоа, на Маверикс триумфот над Клиперс им е особено сладок бидејќи тие ги елиминираа од плеј-офот во 2020 и во 2021 година.

Кајри Ирвинг ги предводеше Мавс до клучната победа. Тој постигна 30 поени, од кои 28 во вториот дел, со шут од поле 11/19. Тој имаше шест скока и четири асистенции, а одличната игра ја заокружи со по две украдени топки и блокади.

Ирвинг брилјираше, а меѓу неговите одлични потези се издвојува тројката под прекршок од корнер, со која предизвика делириум во салата.

Лука Дончиќ повторно се мачеше со повредено колено и лошо шутираше. Погоди само 9/26 удари од поле, и очајни 1/10 тројки. Но значително го подобри ефектот со 9/11 слободни фрлања, па стигна до 28 поени. Беше најдобар додавач кај победниците со 13 асистенции и седум скока.

Тимот на Клиперс полн со суперѕвезди, собран за да го освои шампионскиот прстен, не успеа да го мине првото плеј-оф коло, втора сезона по ред.

Пол Џорџ постигна 18 поени со 11 скока, Џејмс Харден имаше дабл-дабл ефект, 16 поени и 13 асистенции, плус седум скока, но со лош удар, погоди само 5/16 обиди од поле, а ги промаши сите шест тројки! Расел Вестбрук продолжи со очајните игри. За девет минути постигна шест поени со 2/7 шут од поле.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО