Во Париз ќе настапи најголемиот олимписки тим составен од бегалци!

Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) го претстави најголемиот олимписки тим досега за Игрите во Париз 2024 година, составен од 36 спортисти – бегалци од 11 различни земји, како Сирија, Судан, Иран и Авганистан кои ќе се натпреваруваат во 12 спортови.

Ова е трет пат да се формира таков тим за Летни олимписки игри (ЛОИ). Бегалскиот тим за прв пат ќе се натпреварува под свој банер.

– Со учеството на Олимписките игри, ќе го покажете човечкиот потенцијал за издржливост и извонредност. Ова ќе испрати порака на надеж за повеќе од 100 милиони раселени луѓе ширум светот, рече претседателот на ИОК, Томас Бах.

ИОК првиот бегалски тим го имаше на Игрите во Рио 2016 година, со 10 спортисти, за да ја подигне свеста за стотиците илјади луѓе кои потоа (и се’ уште) продолжуваат да пристигнуваат во Европа од Блискиот Исток и од други региони бегајќи од конфликтите и од сиромаштијата.

Тимот што се натпреваруваше на Игрите во Токио 2020, одржани во 2021 година, поради пандемијата на ковид-19, беше речиси трипати поголем од тимот во Рио, со вкупно 29 спортисти кои се натпреваруваа во 12 спортови.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО