(ВИДЕО) НБА, плеј-оф: Дончиќ ги предводеше Маверикс до „брејк“ против Клиперс

Кошаркатите на Далас маверикс го совладаа Лос Анџелес Клиперс на гости со 96:93 и израмнија на 1:1. Следните два натпревара од серијата до четири победи ќе се играат во Далас.

Словенецот Лука Дончиќ повторно беше прво име кај Далас, со постигнатите 32 поени, девет асистенции и шест скока. Кајри Ирвинг додаде 23 поени и шест скока, а П.Џ.Вашингтон 18, вклучително и 10-те коша во последната четвртина од натпреварот.

Кај Клиперси, за кои Кави Ленард (15 поени и седум украдени топки), го одигра првиот натпревар по повеќе од три недели пауза, се истакнаа Пол Џорџ и Џејмс Харден кои постигнаа по 22 поени. Харден имаше и шест скока и осум асистенции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО