Белингам вреди „суво злато“: Реал, но и Борусија му се радува на секој негов гол

Џуд Белингам стана еден од најважните играчи на Реал Мадрид веќе во првата сезона. Не само што е главен во средниот ред, тој е и најдобар стрелец на клубот кој е во одлична позиција да го освои шпанското првенство, но и Лигата на шампиони (ЛШ) каде што се пласира во полуфиналето.

Тоа ги прави среќни во Мадрид, но и во Дортмунд, каде што се слави секоја негова минута на теренот, постигнат гол, асистенција, секое индивидуално признание, трофеј…

Белингам, 20-годишниот англиски репрезентативец, пристигна во Мадрид минатото лето од Борусија Дортмунд, за 103 милиони евра, но во таа сума не беа вклучени бонусите.

„Ќе има милиони евра за Дортмунд“, „Белингем ќе го позлати Дортмунд“, пишува шпанскиот „Ас“, наведувајќи колку всушност ќе добие германскиот клуб од овој трансфер, доколку се имаат предвид и договорените суми преку бонусите. Таа сума би можела да достигне 133,9 милиони евра.

Во трансферот Борусија договорила голем број ставки според кои нивната клупска каса ќе се наполни поради игрите и успехот на Белингам. Во првенството на Шпанија, Белингем на 25 натпревари постигна 17 гола и имаше четири асистенции.

Но, ако се сметаат сите настапи за Реал, тогаш бројките се следни: 36 натпревари, 21 гол, 10 асистенции. „Ас“ наведува дека сето тоа ја зголемува вкупната сума на трансферот, како и можното вклучување во идеалниот тим на Ла лига или на ЛШ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО