Јувентус на драматичен начин до финалето на Купот на Италија

Јувентус загуби  на гости од Лацио во реванш полуфиналниот меч со 1:2, но поради победата во првиот меч во Торино со 2:0 (вкупни 3:2), се пласира во финалето на Купот на Италија.

Полскиот интернационалец, Аркадиуш Милик го постигна голот за спас на „старата дама“, по само неколку секунди откако влезе во игра, во 83. минута. Двата гола за „лацијалите“ ги даде Валентин Кастеланос во 12. во 48. минута.

Противник на Јувентус во финалето ќе му биде подобриот од вториот, вечерашен реванш полуфинален дуел, Аталанта – Фиорентина (0-1 во првиот меч).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО