(ВИДЕО) Гвардиола навива за Бостон… и за Порзингис

Кристас Порзингис брилјираше во победата на Бостон над Далас, 107:89 во првиот меч од финалната НБА серија. Летонецот се врати по принудната пауза од 10 натпревари поради повреда на потколеницата.

Тој се’ уште има болки, па против Далас играше со завој на десната нога и само 20 минути. Но и покрај тоа постигна 20 поени, со шест скока и три блокади.

Миленикот на навивачите на Селтикс кога стапна на паркетот во Бостон Гарден, беше пречекан со овации од публиката. Летонецот, пак, беше воодушевен од Каталонец, Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити, кој го следеше мечот од првиот ред во салата.

Порзингис го виде за време на загревањето и многу се израдува. Се стрча кон него и го прегрна. Гвардиола кој е голем љубител на кошарката и навивач на Селтикс, дојде на финалето за да го посети Џо Мазула, тренерот на Бостон.

Тој пак го посети Пеп во февруари во Манчестер бидејќи сакаше да го запознае најдобриот фудбалски тренер на светот. Потоа се фотографираа, Мазула во дресот на Сити, а Гвардиола во дресот на Селтикс.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО