Почнува ЕП во атлетика, Македонија со двајца претставници

Од денеска па до 12 јуни стадионот „Олимпико“ во Рим ќе биде домаќин на Европското првенство (ЕП) во атлетика.

Овој голем спортски настан ќе биде последна проверка за атлетичарите пред настапот на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз. На тартанот на „Олимпико“ ќе ги видиме најголемите европски атлетски ѕвезди, меѓу кои ќе има и двајца атлетичари од Македонија.

Тоа се Андреас Трајковски, кој ќе настапи во квалификациите во скок во далечина, денеска од 12.55 часот. Ова ќе биде негово прво учество на ЕП сениори.

Трајковски го обезбеди учеството на ЕП преку ранкинг системот на Европската атлетика (ЕА) каде што е на 25-то место, а првите 30 од таа листа обезбедија пласман во Рим.

Вториот македонски претставник на ЕП е рекордерот во повеќе дисциплини, Дарио Ивановски кој ќе настапи во полумаратонската трка, во недела претпладне.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО