(ФОТО) Навивачите на Реал не можат да го купат дресот на Мбапе?

Реал Мадрид направи пет совршени спортски и маркетиншки потези за помалку од еден месец. Ја освои Ла лига, Лигата на шампиони (ЛШ), објави дека конечно го ангажирал Килијан Мбапе, отвори огромна клупска мегапродавница на реновираниот „Сантијаго Бернабеу“, а потоа го претстави и новиот дрес.

Првите три големи успеси се гаранција дека дресовите за сезоната 2024/25 добро ќе се продаваат на интернет, како и во новата мегапродавница од 2.800 квадратни метри.

Навивачите на Реал побрзаа да го купат новиот дрес, но беа разочарани. Тие навалија на клупската интернет страница и во продавницата, најмногу за да го купат белиот дрес на кој се вратени црните ленти, со посебен број и име. Поточно, со бројот 9 и натписот „Мбапе“.

Но, во мегапродавницата, во која има се’ што е поврзано со Реал, го нема тој дрес, како што го нема ниту во онлајн продавницата.

Шпанските медиуми објаснија зошто се’ уште не е можно да се потрошат 167 евра за оригиналниот дрес на Мбапе (150 евра за дресот и 17 за името и бројот). Тоа е затоа што Французинот има договор со ПСЖ до 30 јуни.

Затоа Адидас, производителот на опрема на Реал, не може да го продава името и бројот на Мбапе на своите производи се’ додека Реал официјално не го извести дека Мбапе е нивни играч во однос на маркетингот.

Тој има уште 24 дена до истекот на договорот со ПСЖ што го спречува Реал да профитира. Дотогаш, до 1 јули,  дресови со името и бројот на Мбапе може да продава само ПСЖ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО