(ВИДЕО) Динамо пред нова титула, Ристовски славеше со навивачите

Во дербито на Првата фудбалска лига на Хрватска, актуелниот шампион Динамо вчера ја совлада Риека на гости со 2:1 и е на чекор до уште една титула.

Трката за шампионот официјално се’ уште не е завршена, но впечаток е дека Динамо, кој на три кола до крајот има четири бода предност, не може и нема да киксне поради подобриот распоред, но и подобриот меѓусебен скор во однос на главниот конкурент.

Навивачите на Динамо вечерва околу еден часот по полноќ ги пречекаа своите миленици на Максимир. Динамо доби само 412 билети за дербито, поради што за своите навивачи организираше следење на натпреварот под западната трибина.

Дел од тие навивачи останаа на стадионот до раните утрински часови, а околу 200 го пречекаа автобусот со играчите, запалија факели и огномет и го опколија автобусот. Кога на вратата се појави македонскиот интернационалец, Стефан Ристовски, настана општ делириум.

Тој го предводеше навивањето, зеде факел и енергично славеше со навивачите, кои во еден момент скандираа: „Риле! Риле“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО