Македонија комплетна, се приклучија Митревски и Талески

Македонската ракометна репрезентација од вчера во комплетен состав ги продолжи подготовките за двомечот со селекцијата на Фарските Острови за пласман на Светското првенство (СП) 2025 година.

Во составот на селекторот Кире Лазаров од синоќа се приклучија и последните двајца интернационалци, голманот Никола Митревски и бекот Филип Талески.

Македонската ракометна селекција денеска во Скопје ќе ги финализира подготовките, а веќе утре заминува за Фарските Острови каде в среда (20 часот) ќе го одигра првиот меч. Реваншот е во недела во Скопје.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО