Димитријевиќ се сели во Италија, во Олимпија Милано

Според кошаркарскиот инсајдер, Андреа Калцони, македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ следната сезона ќе го носи дресот на Олимпија Милано.

Најдобриот македонски кошаркар стана мета на многу клубови во Европа, но одлучил кариерата да ја продолжи во дресот на италијанскиот гигант со кого неофицијално, според Калцони, потпишал двегодишен договор.

Италијанскиот клуб ќе прави реконструкција на тимот, а Димитријевиќ ќе ја има улогата на прв плејмејкер. Тој ќе биде второ засилување на италијанскиот тим за следната сезона по Џош Нибо.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО