Вест Хем го купи Килман од Волвс

Макс Килман ќе биде ново засилување за Вест Хем. Фудбалерот на Вулверхемптон за сума од 40 милиони фунти ќе ги засили „чеканите“.

Двете страни се приближуваат до договор за трансферот, а дефанзивецот веќе замина во Вест Хем на лекарски прегледи. Њукасл исто така доставил понуда за играчот, но Килман се решил за Вест Хем поради Хулен Лопетеги, кој соработуваше со Килман и го направи капитен за време на неговиот претходен период во Вулверхемптон.

Понудата од 25 милиони фунти на Вест Хем на почетокот на преодниот рок беше одбиена, како и понудата од 30 милиони фунти на Наполи од минатата година.

Минатата сезона Килман одигра 38 натпревари во Премиер лигата и постигна два гола.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО