Капитенот на Шпанија, Алваро Мората објави дека речиси сигурно ќе ја заврши во репрезентативната кариера по завршувањето на Европското првенство (ЕП).
Мората, 32-годишниот напаѓач на Атлетико Мадрид, има одиграно 78 меча и дадено 36 гола за репрезентација, но вели и дека не е задоволен од начинот на кој се однесуваат кон него. Сето ова доаѓа на само еден ден пред полуфиналето против Франција.
– Сакам да го завршам првенството на најдобар можен начин бидејќи ова веројатно ќе биде мојот последен ваков турнир за Шпанија. Веројатно ќе си заминам после тоа, постои таква опција.
Во Шпанија веќе не се покажува почит кон ништо и кон никого. Тешко ми е да бидам среќен, изјави тој, меѓу другото, во интервјуто за „Кадена КОПЕ“, најавувајќи дека е можно и да ја напушти Ла лига.