Веспрем официјално се раздели со Момир Илиќ

Унгарскиот шампион Веспрем преку клупската страна објави дека нема да бидат продолжени договорите со тренерот Момир Илиќ и неговиот асистент Петер Гуљаш.

Ваквиот расплет е очекуван, со оглед на тоа дека Веспрем повторно не успеа да обезбеди пласман на Ф4 турнирот во ЛШ, откако во четвртфиналето беше елиминиран од европскиот вицепрвак Алборг.

Во изминатите три сезони го водеше Веспрем до две домашни титули и три трофеи во Купот на Унгарија, како и еден трофеј во СЕХА Лигата.

Илиќ во дебитанската сезона како тренер со својот довчерашен клуб играше и на Ф4 во ЛШ, но во Келн тимот на Веспрем заврши без медал.

Според најавите, наследникот на Илиќ ќе биде Шпанецот Чави Пасквал. Искусниот стратег во последните три сезони го предводеше Динамо Букурешт.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО