Кабокло знае што е клучно во натпреварите против Ц. Звезда

Бруно Каблокло истакна дека знае што е клучно во дуелите против Црвена Звезда пред пресметката со вечните ривали во финалето на Суперлигата.

Белградските претставници во Евролигата, уште еднаш ќе ги одмерат силите, а првиот дуел се игра на 3. јуни од 20 00 часот. Иако црвено-белите имаа повеќе исупех претходните шест средби, центарот на Партизан верува дцека најголем допринос во сето тоа е домашниот терен и поволното судење во полза на ривалот.

– Тешко е, посебно поради фактот што од тие шест натпревари, дури пет беа на нивни терен, а тие натпревари знаат да бидат напорни. Посебно затоа што судиите малку им прогледуваат низ прсти на домаќините, пред нивната публика, но и тоа е дел од кошарката, не се жалиме. Не можеме да контролираме се, но клучно е да се одигра добро, порача Бразилецот.

Партизан губеше шест натпревари по ред претходно од Црвена Звезда, па сега веројатно е вистинскиот момент да покажат сила и да се обидат да дојдат во егал ситуација за да се борат за домашната титула.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО