Одличен рекорд на голманот на Баер Леверкузен

Голманот на Баер Леверкузен, Лукас Храдецки, во неделата постави рекорд за странски голман во Бундеслигата, забележувајќи го својот 292-ри натпревар.

34-годишниот фински чувар играше во победата на Леверкузен од 5:1 против неговиот поранешен клуб Ајнтрахт Франкфурт, соборувајќи го рекордот што претходно го држеше, Швајцарецот Јан Зомер.

– Сакам да ги читам весниците и написите од натпреварот и ги видов тие информации денес. Ме исполнува со гордост и чест што можам да играм во таква прекрасна земја и лига и за два фантастични клуба, изјави Храдецки за ДАЗН.

Храдецки му се приклучи на Ајнтрахт во 2015 година и забележа 101 настап за клубот пред да се пресели во Баер Леверкузен во 2018 година. Неделниот натпревар беше негов 191. лигашки настап за Баер Леверкузен.

Тоа беше и првпат да победи со Леверкузен во Франкфурт по неговиот трансфер.

– Проклетството конечно беше скршено по пет години. Секогаш се чувствуваш убаво кога ќе се победи овде со домашната екипа и овој пат тоа го направивме како гостин, додаде Лукас.

Храдецки оваа сезона со Леверкузен ја освои Бундеслигата на пет кола до крајот. Тимот е на рекордна серија од 48 натпревари без пораз во сите натпреварувања од почетокот на сезоната. – Серијата продолжува, се надевам уште пет натпревари. Едноставно е задоволство да се игра со Баер во моментов, изјави Храдецки.

Следниот натпревар Баер Леверкузен ќе се соочи со Рома во реваншот од полуфиналето на Лига Европа. Баер го доби првиот натпревар со 2:0 во Рим минатата недела. Потоа гостуваат во Бохум на претпоследниот натпревар во Бундеслигата. Германскиот шампион ќе ја заврши шампионската сезона на домашен терен со Аугсбург.

Баер Леверкузен се соочува и со второлигашот Кајзерслаутерн во финалето на германскиот куп на 25 мај.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО