Унион Берлин го отпушти тренерот Биелица

Унион Берлин го ослободи својот тренер Ненад Биелица, соопштија од клубот. Одлуката доаѓа по вчерашниот пораз со 3:4 на домашен терен од Бохум во Бундеслигата.

Марко Гроте привремено ќе го води тимот. Негови помошници ќе бидат Мари-Луиз Ета и Себастијан Бониг. 51-годишниот Гроте ќе го подготви тимот за гостувањето во Келн во сабота.

– Со нетрпение ја чекам задачата и убеден сум дека ќе успееме да останеме во лигата. Добро го познавам нашиот тим и знам дека ако ги дадеме максимално нашите напори ќе успееме да ги добиеме бодовите што ни се потребни. – изјави Гроте.

-Во битката за останување во Бундеслигата, потребна ни е силата на целиот клуб и секако на нашиот тим. Му веруваме на Марко Гроте и неговиот тим да ги мотивираат нашите играчи до максимум за да ги направат преостанатите натпревари успешни до крајот. Сакам да му се заблагодарам на Ненад Биелица и неговиот тим за работата што ја направија. Даваме нов поттик на нашиот тим. Апсолутно сум убеден дека играчите сакаат да останат во Бундеслигата со Унион. Би сакале да им дадеме целосна поддршка и да се потпреме на тим од тренери кои многу добро го познаваат нашиот клуб и се страстни за оваа задача, призна Оливер Ранерт, директор на Унион Берлин.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО