Циркузот добива нова епизода: Мбапе го тужи ПСЖ – им бара 100 милиони евра

Килиан Мбапе и ПСЖ ја продолжуваат битката надвор од теренот. Фудбалерот неодамна беше промовиран во Реал како ново засилување.

Како што пренесува Лекп, Мбапе поднел судска тужба против својот поранешен клуб, од кого бара 100 милиони евра бештетување, кои наводно ги заработил низ разни бонуси за лојалноста досега.

Според договорот потпишан пред две години, клубот му гарантира на Мбапе 60 милиони евра за секоја завршена сезона во дресот на шампионите од Франција.

Меѓутоа, ПСЖ сметале дека не треба да се исплаќа ништо за лојалност, затоа што Килиан Мбапе со заминувањето од клубот, покажал дека не е лојален. Медиумите дури пишуваа дека Килиан Мбапе им ги простил тие пари, но од тоа нема ништо, тој си ги бара тие пари и ќе има судска постапка.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО