Во Холандија незадоволни: Ни поништија регуларен гол

Холандија и Франција го одиграа првиот меч на ова ЕП без голови, а овој скор им одговара и на двете репрезентации.

Меѓутоа, по натпреварот, најмногу се зборуваше за спорната ситуација кога на репрезентацијата на Холандија и беше поништен гол.

Чави Симонс одлично шутира кон голот на Франција, топката влезе во гол, но судиите сепак проценија дека Дамфрис кој беше во близина, му засметал на чуварот на мрежата на Франција, па решија голот да го поништат.

Вирџил Ван Дајк кој е капитен на Холандија, верува дека е донесена неисправна одлука.

– Во игра сме и понатаму, се е во наши раце. Одиме напред. Добро одигравме против Франција. Жалам што постигнавме регуларен гол, а ни беше поништен, тоа не беше фер одлука, порача капитенот на „лалињата“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО