ВИДЕО: Уругвај на пенали го елиминираше Бразил од Копа Америка

Репрезентацијата на Уругвај се пласираше во полуфиналето на Копа Америка откако по изведувањето на пенали го елиминираше Бразил.

Во регуларните 90 минути немаше голови, а Уругвајците беа подобри во пенал серијата. Играше Бразил и со играч повеќе од 74. минута кога исклучен беше Нахитан Нандез, но ниту тоа не им помогна да дојдат до гол за победа.

Бразилскиот селектор во последните десет минути направи дури пет измени, меѓутоа резултатот не се промени. Кај Бразилците не реализираа Едер Милитао и Даглас Луиз, а погодуваа Андреас Переира и Габриел Мартинели. Во редовите на Уругвај единствен кој не погоди беше Хосе Хименез. Федерико Валверде, Родриго Бентакур, Хорхијан де Араскаета и Мануел Угарте не погрешија.

Битка за пласман во финалето Уругвај ќе води со Колумбија која со 5:0 славеше победа над Панама. Во второто полуфинале играат Аргентина и Канада.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО