Home Featured Како сопругата и Тринкиери влијаеле на Смаилагиќ за трансфер во Жалгирис

Како сопругата и Тринкиери влијаеле на Смаилагиќ за трансфер во Жалгирис

0
Како сопругата и Тринкиери влијаеле на Смаилагиќ за трансфер во Жалгирис

Доскорашниот кошаркар на Партизан, Ален Смаилагиќ, потпиша договор со Жалгирис, а во разговор за „Баскет Њуз“, откри што било пресудно за ваквата одлука.

Во Партизан изминатите недели се случија коренити кадровски проветрувања и Жељко Обрадовиќ доби комплетно нов тим, кој мора допрва да го воигра и да изгледаат на нивото на една евролигашка екипа.

Смаилагиќ сега открива дека сопругата влијаела за неговата одлука да потпише за Жалгирис.

– Да бидам искрен, зборував со Тринкиери ден пред венчавката. Првите зборови кои ми ги рече беа, „Среќна жена, среќен живот. Потоа таа ми рече потпиши за Жалгирис без оглед на се, откри Смаилагиќ.

За него се веруваше дека ќе остане и следната сезона, но како и останатите, го напушти Партизан и реши да ги брани боите на друг клуб во кариерата.