Бразилската фудбалска конфедерација се’ уште нема донесено официјална одлука, но нема друг избор. Интер, Гремио и Хувентуд побараа сите натпревари на клубовите од најјужната бразилска држава, Рио Гранде до Сул да бидат одложени за најмалку 20 дена поради големите поплави кои ги потопија и нивните терени.
Целосно под вода се терените на стадионот Беира-Рио во Порто Алегре, каде што во 2014 година се одиграа пет натпревари од Светското првенство (СП) и Арена до Гремио.
Клубовите кои побараа одложување на натпреварите поради екстремни временски услови не тренираат од минатата недела.
Рио Гранде до Сул, трпи последици од обилните дождови кои предизвикаа поплави. Според последниот извештај на Цивилната одбрана, бројот на загинати се искачи на 83, исчезнати се 111, а 291 лице е повредено.
Во Порто Алегре нивото на реката Гуаиба беше 5,26 метри, 2,30 метри над нивото на поплавите!
The flooded Arena do Gremio stadium in the city of Porto Alegre, Brazil. Floods in southern Brazil have killed at least 67 people, while another 101 remain missing, authorities said on the morning of 05 May. 📸 EPA / EFE / Isaac Fontana#portoalegre #floods #arenadogremio pic.twitter.com/rW11M21Bdy
— EPA Images (@EPA_Images) May 6, 2024