Темелков потпиша за косовски Феризај

Играчот за врска Ристе Темелков кој по крајот на есенската полусезона во ПМФЛ реши да го напушти тимот на Македонија ЃП има нов клуб.

Кавадарчанецот кариерата ќе ја продолжи во редовите на косовскиот прволигаш Феризај каде денес беше промовиран во нов играч.

Темелков освен за Македонија ЃП има играно за Брера Струмица, Тиквеш, Брегалница и Хоризонт Турново.

Тој во Феризај нема да биде единствен Македонец со оглед на тоа што дресот на овој клуб го носи голманот Марко Јовановски и дефанзивецот Филип Глигоров

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО