Скандал во Шпанија! Голот на Реал Мадрид нерегуларен, украдени два бода?

Еден гол синоќа го реши натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Мајорка. Сепак, утрото по натпреварот многумина се на став дека голот требало да биде поништен.

Во рамките на 19. коло од шпанската Примера, синоќа се соочија Реал Мадрид и Мајорка. Кралевите победија со 1:0, а победничкиот гол беше постигнат во 78. минута.

Голот вреден три бода за Реал Мадрид го постигна дефанзивецот Антонио Рудигер. Лука Модриќ нафрли од корнер, а тој со глава ја погоди мрежата на Мајорка.

Сепак, тој гол многумина го сметаат за неправилна. Пред се навивачите на Мајорка и конкурентите на Реал.

Имено, пред Рудигер да упати удар кон голот, Карвахал според многумина направи фаул. Дефанзивецот на Реал го собори Раиљо, но судијата не се огласи.

Со оглед на тоа дека се работи за победнички гол, доколку е нерегуларен, јасно е дека Реал Мадрид „украде“ два бода. Во овој случај Џирона помина најлошо бидејќи тогаш ќе имаше два бода над Реал на врвот во Примера, но и Мајорка, за која секој бод во борбата за останување вреди злато.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО