Еден од најдобрите поединци на средбата со Луксембург македонскиот кошаркарски репрезентативец Виктор Ташовски, истакна дека Македонија одигра уште еден квалитетен натпревар и целосно заслужено го завршила циклусот со максимален ефект.
„Одигравме одличен натпревар, доминиравме во текот на целата средба и докажавме дека сме поквалитетна репрезентација од Луксембург, иако настапивме без неколкумина од нашите најважни играчи.
Овој циклус го завршивме со максимални шест победи од шест натпревари, го освоивме првото место во групата и обезбедивме пласман во следната фаза. Ќе продолжиме да работиме напорно и ќе се обидеме да докажеме дека Македонија заслужува да биде на повисоко ниво и да се натпреварува со уште поквалитетни репрезентации“, изјави Ташовски.
Македонија е единствената селекција која ја заврши првата фаза од претквалификациите без пораз.
Следен предизвик за нашата репрезентација ќе биде вториот претквалификациски круг, кој започнува на 27 август.