Екипата на Вардар е подготвена за натпреварот против фински КуПС во квалификациите за Лигата на шампионите.
Пред првата рунда со финскиот првак, своите видувања пред медиумите ги изнесе тренерот Кристијан Фабијани.
„Дојде долго очекуваниот момент, по добрите подготовки во Италија. Со подготовките сум задоволен, сепак јас сум нов и не го имав оптималниот тајминг за да се подготвиме.
Овој меч според мене трае 180 минути, а не деведесет. Ќе се соочиме со тим кој што е во натпреварувачка форма. Тим кој што игра одлично.
Дека игра со топка, дека игра човек на човек. Да пробаме да ги притиснеме уште во нивната дефанзивна линија“, изјави Фабијани.
Натпреварот меѓу Вардар и КуПС во Лигата на шампионите се игра утре (вторник) од 19:00 часот на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.