Исак Бонга ќе потпише во Реал Мадрид

Германскиот репрезентативец Исак Бонга е на чекор до трансфер во Реал Мадрид пренесуваат шпанските медиуми.

Реал Мадрид наводно му понудил тригодишен договор вреден 7,5 милиони евра, односно околу 2,5 милиони евра по сезона.

За неговиот потпис интерес покажаа и Панатинаикос и Барселона но се чини дека мадридскиот гигант е најблиску до ангажманот.

Интересно е дека досега заработуваше околу еден милион, меѓутоа со добрите партии се наметна во европската кошарка.

Исто така, според информациите Германецот сам си ја активирал и платил откупната клаузула од 700.000 евра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО