Ракометните кадети ги стартуваа подготовките пред ЕП

Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија официјално ги започна подготовките за настапот на претстојното ЕП.

Избраниците на селекторот денеска се собраа во спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје, со што стартуваше првиот дел од подготовките.

Репрезентативците ќе тренираат во Скопје во периодот од 6 до 8 јули, а потоа на 8 јули ќе отпатуваат на подготовки во Австрија каде што ќе престојуваат до 15 јули.

По завршувањето на овој дел од подготовките, националниот тим повторно ќе се врати во Скопје, каде ќе ја продолжи завршната фаза пред Европското првенство.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО