Тајсон ќе заработи богатство за мечот против инфлуенсерот Пол

Мајк Тајсон, легендарниот боксер, ќе се врати во рингот во јули оваа година за да се бори со познатиот јутјубер Џејк Пол.

Поранешниот светски првак повторно ќе влезе во рингот на 57 години, дури по четири години пауза од последната егзибиција и има добра мотивација за тоа.

Таа најдобро се опишува со 20-те милиони долари што ќе ги заработи, изјави неговиот пријател.

Пол е еден од најпознатите инфлуенсери на планетата, а почна да се бори пред четири години. Досега имадесет професионални натпревари и девет победи (шест со нокаут).

Неговиот единствен пораз беше против Томи Фјури, братот на попознатиот Тајсон, боксерскиот шампион

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО