Светска атлетика го потврди настапот на Дарио Ивановски на ЛОИ во Париз 2024

Дарио Ивановски и официјално е првиот спортист од Македонија што ќе настапи на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз 2024 година, во најтешката атлетsска дисциплина, маратон, напиша неговиот тренер, Игор Јакимовски, на социјалните мрежи.

Рокот за норми и пласман на ЛОИ во маратон заврши мината недела, на 5 мај, по што Светска атлетика (СА) вчера ја ажурираше и ја прочисти листата од 70 маратонци со исполнета норма (2:08,10 часа), плус 11 маратонци со најдобри времиња.

Најдобриот македонски атлетичар и рекордер во повеќе дисциплини, Дарио Ивановски (27) според резултатот, е на 78 место меѓу 81 учесник, ниту еден со „вајд кард“.

Ивановски на маратонот во Севилја, Шпанија во февруари забележа време од 2:08,26 часа, што е македонски рекорд, послабо за само 16 секунди од олимписката норма за директен пласман на ЛОИ 2024.

Претходно со првиот фантастичен резултат во Валенсија (2.11,53 часа) своевидна најава за следниот во Севилја, Ивановски ја вивна Македонија високо на светската маратонска мапа. Тој ги помести границите на митот дека Балканот не ќе може да има конкурентен маратонец во светски рамки.

Ивановски и неговиот тренер, менаџер итн, Игор Јакимовски, покажаа дека и во скромни услови во држава со речиси никакви услови за професионално бавење со атлетика може да се постигнуваат врвни резултати.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО