Партизан бара гаранции од полицијата за безбедност инаку ќе го напуштат теренот во Пионир

Денеска стартува финалната серија од АБА лигата, помеѓу екипите на Партизан и Црвена Звезда, а првиот натпревар се игра во салата „Пионир“ каде домаќин ќе биде Црвена Звезда.

Претставниците на Партизан најавија напуштање на теренот доколку дојде до одредени безбедносни протоколи, бидејки таа сала е позната по испадите на навивачите.

– Пред натпреварот во понеделник, закажан е уште еден безбедносен состанок во седиштето на полицијата. Од тој состанок, Партизан очекува прецизни информации околу безбедоносниот протокол пред натпреварот и за време на натпреварот, како и гаранција од органите за безбедност за сите актери на мечот и членови на делегацијата, стои во соопштението на минатогодишните шампиони на АБа првенството.

Очигледно дека Партизан очекува жестока пресметка со Црвена Звезда, па и некој инцидент или провокација од навивачите на Црвена Звезда, па најавија дека ќе го напуштат теренот доколку се случи безбедносен престап.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО