Неверојатни сцени од „Олд Трафорд“ – стадионот се распаѓа, Глејзери не вложија ниту една фунта!

Олд Трафорд е во ужасна состојба, а за тоа сведочат и кадрите од вчерашниот натпревар, каде се гледаше како дождот го надвиснува стадионот и поплавува дел од трибините кај навивачите.

Катастрофалната сезона на Манчестер Јунајтед е најдобра слика и на актуелната ситуација со стадионот, кој што прокиснува од сите страни.

Управата на клубот, посебно семејството Глејзери се соочуваат со остри критики, затоа што навивачи тврдат дека не е вложена ниту една фунта за поправка на стадионот низ годините во кои владееа Глејзерс.

Голем дел од навивачите вчера и го напуштија стадионот, што поради разочарувачкиот резултат, но што и поради поплавеното подрачје на една од страните на стадионот.

Навивачите со право може и мора да се прашуваат како е можно клуб со такво реноме и такви финансии едноставно да си го дозволи ова да не може да издржи еден поголем дожд и невреме.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО