Суперкомпјутерот на „Опта“ ги одреди фаворитите за триумф на ЕП

Познатата интернет страница за анализа на податоци, „Опта“ ги објави пресметките за случувањата на Европското првенство (ЕП) во Германија во фудбал, посочувајќи кои селекции имаат најголеми шанси за освојување на титулата.

Резултатите што ги нуди нивниот суперкомпјутер за некои можеби се изненадување, но погледнете кои се фаворитите според „Опта“.

Најмногу шанси за кревање на победничкиот пехар и се даваат на Англија (19,9 отсто), многу блиску е Франција (19,1) потоа следува домаќинот, Германија (12,4), па Шпанија (9,6), Португалија (9, 2), Холандија (5,1), Италија (5), Белгија (4,7), Данска (2,2 отсто) итн.

Хрватска, која беше трета на последното Светско првенство (СП) 2022-та во Катар, Суперкомпјутерот ја става на 10-то место на листата. На „коцкастите“ им се дава 34,4 отсто шанси да ја минат групната фаза, 14 отсто да стигнат до полуфиналето, 5,7 да се пласираат во финалето, и само два отсто да ја освојат титулата.

По Хрватска следуваат Турција, Австрија и Швајцарија чии шанси се движат меѓу еден и два отсто, потоа Србија, Шкотска, Украина итн. Најголем аутсајдер е Грузија со 0,1 отсто шанси за триумф, а по неа е Албанија со 0,2 отсто.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО