(ВИДЕО) Венеција се врати во Серија А. Луда прослава на каналите

Венеција следната година ќе игра во италијанската Серија А, по тригодишно отсуство. Третопласираната екипа од Серија Б го победи Кремонезе со 1:0 во финалето на плеј-офот на домашен терен, откако првиот меч заврши без голови, со што се избори за враќање во елитата.


„Лудата“ прослава почна на улиците, или подобро кажано, на каналите на Венеција. На венецијанските гондоли беа запалени факели, а играчите беа забележани како скокаат од мостовите во водата!


Следната сезона стадионот „Пјер Луиџи Пенцо“, кој многумина го сметаат за еден од најубавите во Италија, повторно ќе биде сцена на натпревари од највисок ранг.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО