Судијата Манзано ќе биде казнет поради лошото судење!

Натпреварот меѓу Валенсија и Реал Мадрид што заврши 2:2, го одбележа огромен скандал кој го предизвика главниот судија Хесус Хил Манзано.

По последниот центаршут Џуд Белингам постигна гол, но Манзано отсвири крај, му му го поништи и резултатот остана непроменет. Белингам протестираше на таа одлука на судијата за што доби и црвен картон!

Според одредени медиуми во Шпанија, Манзано ќе биде казнет и ќе биде надвор од терените одреден период. Останува да се види дали подолго време ќе „паузира“ за да си ги среди мислите по неславниот крај на средбата или ќе биде префрлен да суди во Ла лига 2.

Според информациите, судиската комисија одлуките на судијата на „Месталја“ ги оценила како многу лоши. Но и покрај тврдењата на Реал, се верува дека неговата грешка не е кога и како завршил натпреварот, туку што претходно дозволил корнерот да се изведе!

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО